Дејности

ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА

Дон Холдинг ги услужува и координира своите клиенти низ цела Европа преку транспорт и логистика со ладилници, церади, платформи и други специјализирани возила. Наши долгогодишни партнери од Европа се коминтенти, увозници и извозници на месо, риба, зеленчук, овошје, млеко, текстил, градежен материјал и друго.Вршиме превоз на секаков вид палетизирана и непалетизирана стока, комплетни утовари како и збирен транспорт.

•ТРАНСПОРТ-Вршиме транспорт со сопствени товарни возила на секаков вид на стока до сите дестинации во Македонија како и транспорт од царински складишта до било кои локации по барање на клиентот. 

 •ПРОФЕСИОНАЛНО СЕЛЕЊЕ-Вршиме селидби на објекти (дуќани, канцеларии, станови и друго)на локално и регионално ниво со нашиот професионален тим.

 

АГРОБИЗНИС

Во оваа област Дон Холдинг врши трговија на големо со овошје и зеленчук, откупува, конзервира и пакува,  и истите ги извезува и увезува во и надвор од нашата држава. Со оптимални и квалитетни врски и планови се стремиме кон подобрување и зајакнување на прекуграничната соработка.

 

ИНДУСТРИСКА ТЕХНОЛОГИЈА

Секторот Индустриска Технологија работи на полето на индустриска автоматизација , управување на индустриските процеси и индустриски мерни инструменти. Нашата цел е да дизајнираме , произведуваме и испорачуваме производи, системи и решенија за секој производствен процес и производствена линија, кои го прават животот на луѓето подобар и полесен низ целиот свет. Ние го комбинираме знаењето во индустријата , експертизата во производството и технолошките иновации и нудиме широко портфолио на производи и услуги за клиентите во голем спектар на индустрии.

 

ВЕБ КЛИНИКА

Во делот на трговијата со услуги Дон Холдинг е сопственик и управува со WWW.WEBKLINIKA.MKпрв интернет портал за продажба на здравствени услуги со попуст. Webklinika.mk претставува посредник и главна врска помеѓу приватните клиники и пациентите нудејќи услуги со неколкукратно пониски цено во најреномираните клиники во Македонија.

Професионалниот и посветен тим на Webklinika.mk следејќи ги светските трендови во интернет трговијата, изгради еден софистициран систем кој обострано ги задоволува барањата и потребите на клиниките и пациентите.

 

ИСКОПИ И ГРАДЕЖНИ РАБОТИ

Располагаме со градежни  машини, вилушкари и возила за транспорт на отпад и нудиме различни услуги кои помагаат во побрзо и поефикасно извршување на работите во делот на утовар и истовар и изведување на градежни работи

 

 

ЦРНА И ОБОЕНА МЕТАЛУРГИЈА

Една од дејностите на компанијата е трговија на метали и неметали во форма на руда, отпад, деривати наметали и полуготови производи во сегментот на црната и обоената металургија. Во овој контекст нудиме услуги во демонтирање и ликвидација на компании (фирми) во стечај.

        - Трговија со отпад

Вршиме откуп(трговија) со неопасен и опасен отпад/отпадно железо, бакар,алуминиум,акумулатори и други метали и неметали.Оваа трговија на секаков вид на отпад е водена според Лондонската берза.

 

Е-трговија

Со цел олеснување на продажбата и испораката на производите и услугите, поефикасно поврзување на понудата и побарувачката и контактот со коминтентите Дон Холдинг вложува многу труд и ресурси во делот на Е-трговијата. Како иднина на светската економија во чекор ги следиме најновите модули за најефикасно онлајн плаќање и трансакции.

Нашата компанија учествува на тендерите што ги спроведуваат државните и приватните институции во секој дел од пазарот на јавните набавки на ниво на Република Македонија и пошироко. 

 

ТРГОВИЈА СО SECOND HAND, VINTAGE И OUTLET БРЕНДИРАНА ОБЛЕКА

Најновото од Дон Холдинг, со цел задоволувањето на Вашите потреби како наши верни соработници и потрошувачи воведовме нова гранка Second Hand Shopping vintage and outlet  за кои вршиме увоз, испорака и продажба на големо и мало од брендираната и ексклузивна облека na познатите модни брендови   -Tommy Hilfiger , Diesel , H&M , Umbro , Mango , Clarks , Benetton , GAP , Old Navy , Nike , Tom Tailor , Zara , LaCoste, Versace, Armani, Boss, Ecce,Massimo Duty, Replay, Guess,Gas.

 

Тел/Факс

+389 (0) 2 20 44 344

+389 (0) 2 61 49 640

Бул. Партизански одреди Бр. 149 

Блок 4, Mезанин, Порта Влае

1000 Скопје, Р. Македонија

Е-маил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.